
Физичка пресметка се случила рано утрово пред казино во Неготино, информираат од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Утринава во 04.15 часот, полициски службеници од ОВР Неготино го привеле А.Ј.(39) од неготинско село, затоа што пред казино во градот, тој и неготинецот Д.Ј.(35), по вербална расправија, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка, соопштија од СВР Велес.
Додадоа дека со Д.Ј. бил извршен службен разговор, а А.Ј. бил задржан во полициска станица и по документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.