
Во последниот натпревар од 20. коло на англискиот фудбалски шампионат, во неделата вечерта Нотингем Форест на гости го победи Вулверхемптон со 3:0, забележувајќи ја шестата последователна победа, а 12-та сезонава.
Последен пат Форест оствари шест првенствени победи во една сезона во далечната 1967 година.
Тоа беше и четврти натпревар по ред а деветти оваа сезона, во кој тимот предводен од португалскиот стручњак Нуњо Еспирито Санто не прими гол.
Домашните имаа поголем посед на топка, упатуваа повеќе удари, имаа повеќе корнери, но бодовите одат за Нотингем.
Гостите поведоа во седмата минута преку Морган Гибс-Вајт, а во последната минута од првото полувреме Крис Вуд погоди за 2:0. Таиво Авониј го постави конечниот резултат во четвртата минута од судиското надополнување во вториот дел.
Форест со оваа победа се израмни со второпласираниот Арсенал, со по 40 бода, шест помалку од водечкиот Ливерпул. Вулверхемптон остана на 17-та позиција со 16 бодови, само чекор над зоната за испаѓање.