Променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места снег

Во саботата во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места од снег. Температурите ќе се движат во интервалот меѓу 3 и 12 Целзиусови степени.

Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северен правец. Во текот на ноќта врнежите ќе бидат пообилни и во северните делови ќе преминуваат во снег и во пониските места.

Во Скопје и околината денеска ќе биде претежно облачно со повремен слаб дожд, а во текот на ноќта од дожд и снег. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Темпатурата ќе достигне до 6 степени.