Доларот ослабе, нафтата поевтини

На валутните пазари, вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути во раното претпладневно тргување во вторникот малку се лизна од највисоките нивоа во повеќе од две години.

Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 109,59 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 109,86 поени.

Курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 157,40 на 157,55 јени.

Сепак, американската валута ослабна во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0255 долари, додека вчера во истиот период од денот изнесуваше 1,0220 долари.

Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,54 отсто, на 80,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,44 отсто, на 78,45 долари.