Надминување на сивата економија во администрацијата

Со новиот Закон за организација и работа на органите на државната управа, ќе ја има надлежноста за раководење, трансформирање на Управата на матични книги во Министерството за дигитална трансформација. За дигиталната трансформација на земјата, добра основа даваат ревизорските извештаи, препораките за надминување на околностите, има основа за поголема одговорност, секако Обвинителството треба и мора да ги разгледа  овие ревизорски извештаи, да види и согледа  како се потрошени парите на граѓаните и да има казливост како  и одговорност. (Види повеќе: Ревизорски извештај ДЗР-Управа за матични книги 2021)

Што покажува практиката?

За надминување на сивата економија, односно отворениот криминал, самата практиката покажува дека во администрацијата (има повеќе) меѓу нив и во Управата за матични книги, лица кои се вработени во Управата и истите се вработени во странство, а земаат месечна плата од Управата. Го прашувам в.д. директорот на Управата за матични книги Фатон Фазлиу: Дали се води евиденција за вработените во Управата, како и по одделенијата за матични книги низ државата? Ако се води евиденција на редовно вработените, дали истата е електронски или во хартиена форма? Колку вработени лица во Управата за матични книги или по одделенијата за матични книги работаат и се редовно вработени во странство, а истовремено земаат месечна плата од Управата? Директоре, дали сте побарале ревизија од надлежните органи од кога сте ја презеле Управата? Дали има злоупотреби на тендери? Или, дали сте прашале: Зошто има реакции на граѓани кои им се даваат двојни (македонски-албански) матични изводи? А, најновата реакција е деновиве нема никакви ИЗВОДИ, ќе добиеле идната недела?! Одговор, нема. Зошто? Дали ги слушате реакциите на вработените – Како може шефови на сектори или одделенија да бидат лица вработени  на определено работно време со Договор на дело (нестручни и несоодветни), а стручни и компетентни вработени лица на неопределено работно време се отстранети и се „неподобни“, а истите имаат Решенија за неопределено вработување…? Дали директоре, се почитува стручноста и компетентноста? По ова, што има реакции, секако НЕ! Има многу прашања… Но, за крај. Каква е соработката со дипломатските барања до Управата и дали истата постои?

Од претходно наведените причини, неминовна е потребата од трансформирање на Управата за матични книги во Министерството за дигитална трансформација, како и во други државни администрации. Реакциите на граѓаните се големи, како и на експертите за излез и реализирање на Предлог законите за реформи во администрацијата, за надминување и сузбивање на сивата економија и борба против организираниот криминал.

Неминовни потреби на законски реформи во администрацијата и дигитализација на институциите во интерес на граѓаните

  1. Унапредување на системот за матична евиденција, да може со шифра да се влезе и внесување на КОД од ВИЗА или Мастер картица да се вади извод, од било кој клиент, адвокат, нотар, државна институција, катастар и други институции.
  2. Издавање на електронски изводи, внесување ПИН од картичка наплата и изводот на телефон веднаш да му се појави да го има странката.
  3. Издавање на електронски возачки, се сликаат и на телефон да си ја има возачката, посебна апликација со име и презиме, регистрација, модел на кола, број на шасија, скенирана цела сообраќајна возачка дозвола.
  4. При уписи на родени и умрени лица. Самата болница да ги внесува со претходна дадена препорака со сите потребни документи и по курир да ги праќа до подрачните одделенија, потребните собрани документи, со цел да не се малтретираат и избегнување на гужви по шалтери и откако ќе се внесат веднаш по меил да им стигнат на странките дека работата е завршена како за умреница, венчаница, или изводот на родени да го имаат во електронска форма.
  5. Донесување на Закон за електронски изводи на родени, имотни листови, УЈП уплати.
  6. Македонските амбасади да примаат документи записи на деца, или починати лица во странство да испраќаат до Управата за водење на матични книги и од таму во електронска форма или печатена форма да им се издаваат на нашите иселеници.
  7. Електронски внесување на сите уписи книжни или пишана форма во систем.
  8. Обновување на старите (матични) книги и препишување, бидејќи многу се оштетени, нема и многу листови (од матичните книги) дури некои книги се изгубени и поплавени, тоа може да се среди во координација со системот на МВР, бидејќи системот е поврзан со Управата за водење на матични книги.
  9. Електронските уписи на деца во градинки, основни, средни училишта и високо образование, потребните документи да ги собираат службено по службен пат, потоа по мејл да бидат известени граѓаните.
  10. Електронски наплатни рампи со македонски визитки, со цел избегнување на гужви по патарини и по гранични премини.
  11. Електронски решенија за данок на куќа, и било какви обврзувачки давачки кон државата.
  12. На секои шест (6) месеци, секоја институција за сработеното треба да даваат отчет за финансиската состојба за било која институција.
  13. Електронски пасоши за нашите граѓани, со цел избегнување трошоци за хартија, време и гужви по шалтерите. Туку со ЕМБГ или по некој КОД за идентификација.

Дигитализацијата е неминовна потреба на Македонија како земја за членство во Европската Унија. Таа е првата основна домашна задача, да се справи со криминалот и корупцијата во администрација и истата ја осовремени и реализира дигитализацијата на администрацијата, а сето тоа за подобра услуга и потреба на граѓаните. Затоа –  На потег е Министерството за дигитална трансформација!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес