Студено и променливо облачно со слаб снег

Во вторникот на територијата на Македонија моменталниот бран ќе биде со послаб интензитет и во фаза на повлекување. Но, ќе се задржи студено и променливо облачно време со провејување на снег, претежно во јужните и југозападните делови.. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се во опсегот меѓу минус 9 и минус 1, додека максиманлните дневни соодветно ќе бидат од минус 6 до 3 Целзиусови степени.

Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно и студено со услови за провејување на слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ТЕмпературата ќе достигне до 3 степена.