
Во дербито на северен Лондон, натпревар од 21. коло на англиската Премиер лига, фудбалерите на Арсенал на својот стадион „Емирати“ го совладаа Тотенхем со 2:1.
Со оваа победа Арсенал се врати на второто место на табелата. Го надмина Нотингем Форест, додека заостанува четири бода зад лидерот Ливерпул, кој има натпревар помалку. Тотенхем остана дури 13-ти на табелата, а го забележа и третиот последователен пораз против големиот градски ривал.
Сите голови беа постигнати во првото полувреме, а Тотенхем поведе преку голот на Сон во 25. минута. На крајот на првото полувреме дојде до пресврт. Во 40. минута по корнер Габриел и гостинскиот играч Соланке, кој беше најзаслужен за автогол, израмнија на 1:1. Во 44. минута разиграниот Тросар погоди за 2:1, што на крајот беше и конечниот резултат.
Во преостанатиот дел од натпреварот Арсенал беше поблиску до постигнување уште еден гол отколку Тотехнем до израмнување. Треба да се напомене дека во судиското надополнување, гостинскиот играч Педро Поро ја погоди стативата.
Њукасл забележа нова победа совладувајќи го Вулверхемптон на домашен терен со 3:0. Повторно разигран беше Швеѓанецот Исак кој ги постигна воведните два гола на натпреварот, во 34. и 57. минута, а сето тоа заврши кога Гордон во 74. минута погоди за конечни 3:0. Њукасл е веќе четврти на табелата.
Гостински победи забележаа Астон Вила и Кристал Палас. Астон Вила победи со 1:0 кај Евертон со голот на Воткинс во 51. минута, додека Кристал Палас го победи претпоследниот Лестер со 2:0. Стрелци во вториот дел беа Матета во 52. минута и Гуехи во 78. минута.
Последните два натпревари се играат во четврток, со Ипсвич – Брајтон и Манчестер Јунајтед – Саутемптон.