
Во ноќта од средата кон четвртокот тешко настрадаа кошаркарите на Бруклин Нетс кои беа поразени од Лос Анџелес Клиперс со дури 59 разлика, 126:67.
По првата четвртина ништо не навестуваше ваков конечен исход, бидејќи резултатот по 12 минути игра беше 21:21. Тогаш Бруклин почна да пропаѓа, останувајќи на само 16 поени или помалку во секоја четвртина до крајот. Во еден момент ЛА Клиперс водеа со 64 поени разлика, а сето тоа заврши 126:67.
Кави Ленард постигна 23 поени за ЛА Клиперс, додека Џејмс Харден постигна 21 поен и 11 асистенции, со што Харден стана 15-ти водечки стрелец во историјата на НБА. Ова е најголемата победа на ЛА Клиперс во нивната историја. Кај гостите Џејлен Вилсон постигна 16 поени од клупата за резерви.
Без српскиот центар Никола Јокиќ, Денвер беше лесна мета на разиграниот Хјустон, вториот најдобар тим во Западната конференција. Хјустон победи со 128:108 на гости, а хрватскиот кошаркар Дарио Шариќ кој го замени Јокиќ одигра 19 минути од клупата за домашниот тим и притоа постигна 8 поени со шут 3 од 4 од поле и 2 од 4 од линијата за слободни фрлања, а впиша и 4 скока и 5 асистенции.
Клучен момент на натпреварот беше втората четвртина, која Хјустон ја доби со 41:25, што му овозможи да да избега со голема предност од 20 поени. Кај Хјустон одличен беше Џејлен Грин кој постигна 34 поени со пет асистенции, додека Алперен Сенгун постигна 20 со девет скока и осум асистенции. Кристијан Браун и Џамал Мареј постигнаа по 22 поени за Денвер, а овој имаше и пет асистенции и четири скока.
По продолжението, Њујорк Никс ги совлада Филаделфија 76ерс со 125:119, иако можеа и порано д аја обезбедат победата бидејќи имаа водство од 109:105 на 18 секунди до крајот на регуларниот дел од мечот. Макси потоа постигна четири последователни поени, но Њујорк ја заврши работата во петте дополнителни минути.
Џејлен Брунсон беше одличен кај Њујорк со 38 поени и шут од поле 14 од 22. „Трипл-дабл“ кај гостите имаше Џош Харт, кој постигна 10 поени, 12 асистенции и 17 скока. Филаделфија повторно играше без Ембиид, а Тајрис Макси постигна 33 поени со шест скока и шест асистенции, додека Пол Џорџ додаде 26 поени.
Напнато беше и натпреварот меѓу Њу Орлеанс и Далас каде домаќините победија со 119:116. Гостите се убедени дека судиите го оштетиле на самиот крај кога не признаа кош со кој ќе дојдеа до водство од 118:117. Најдобар играч на Њу Орлеанс беше Деџунте Мареј со 30 поени, седум асистенции и седум скока, додека гостите повторно играа без Дончиќ и Ирвинг, а ги предводеше Даниел Гафорд со 27 поени и 12 скока.
Бостон беше изненадувачки поразен од Торонто со 97-110 во натпревар каде што секој играч од стартната постава на Торонто постигна двоцифрен гол, додека Милвоки убедливо беше подобар од Орландо со 122-93. Џанис Антетокунмпо постигна 26 поени со 11 скока, а Демијан Лилард постигна 30 поени за победничката екипа при 13-19 шут од поле.
Голден Стејт ги совладаа Минесота Томбервулфс на гости со 116:115 со одличното издание на Стивен Кари, кој постигна 31 поен и 8 асистенции. Кари од три поени стрелаше 7 од 12 обида.
РЕЗУЛТАТИ
Филаделфија – Њујорк 119:125, продолженија
Торонто – Бостон 110:97
Чикаго – Атланта 94:110
Милвоки – Орландо 122:93
Њу Орлеанс – Далас 119:116
Сан Антонио – Мемфис 115:129
Денвер – Хјустон 108:128
Јута – Шарлот 112:117
Минесота – Голден Стејт 115:116
ЛА Лејкерс – Мајами 117:108
ЛА Клиперс – Бруклин 126:67
ТАБЕЛИ
Источна конференција
1. Кливленд Кавалирс 34 5
2. Бостон Селтикс 28 12
3. Њујорк Никс 27 15
4. Милвоки Бакс 22 17
5. Орландо Меџик 23 19
6. Индијана Пејсерс 22 19
7. Детроит Пистонс 21 19
8. Атланта Хокс 21 19
9. Мајами Хит 20 19
10. Чикаго Булс 18 23
11. Филаделфија 76ерс 15 24
12. Бруклин Нетс 14 27
13. Торонто Репторс 10 31
14. Шарлот Хорнетс 9 28
15. Вашингтон Визардс 6 32
Западна конференција
1. Оклахома Сити Тандер 33 6
2. Хјустон Рокетс 27 12
3. Мемфис Гризлис 26 15
4. Денвер Нагетс 24 16
5. Лос Анџелес Клиперс 22 17
6. Лос Анџелес Лејкерс 21 17
7. Далас Маверикс 22 19
8. Минесота Тимбервулфс 21 19
9. Сакраменто Кингс 20 20
10. Голден Стејт Вориорс 20 20
11. Сан Антонио Спарс 19 20
12. Феникс Санс 19 20
13. Портланд Трејл Блејзерс 13 26
14. Јута Џез 10 29
15. Њу Орлеанс Пеликанс 10 32