Променливо облачно со услови за слаб снег

Во четвртокот наутро е студено со појава на слаба магла по одделни котлини. Преку денот ќе преовладува променливо облачно наместа со услови за провејување на слаб снег.

Утринските температури се движат од минус 8 до 1, додека највисокоте дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу минус 4 и 7 Целзиусови степени.

Во Скопје наутро студено со појава на слаба магла, преку денот претежно облачно и тивко. Температурата ќе биде до 4 степени.