Израел ќе ослободи 2.000 Палестинци во првата фаза од договорот со Хамас

Првата фаза од договорот за прекин на огнот во Газа, потпишан меѓу Израел и палестинската група Хамас во Доха на 16 јануари, вклучува ослободување на 33 израелски заложници во замена за 2.000 палестински затвореници, објави „The Jerusalem Post“.

Според весникот, почетната фаза ќе трае 42 дена, а имплементацијата ќе започне два до три дена по потпишувањето. Прво ќе бидат ослободени жените и децата, потоа женските војници, потоа мажите над 50 години и младите кои се класифицирани како „хуманитарни случаи“. За возврат, Израел ќе ослободи 2.000 осудени терористи, вклучително и околу 1.000 приведени по настаните од 7 октомври 2023 година. Од нив, 250 отслужуваат доживотна казна затвор. Сепак, ниту еден од поединците кои биле вклучени во нападот на Израел на 7 октомври нема да биде ослободен, забележува весникот.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху потврди дека договорот за прекин на огнот во Газа го потпишаа во Доха Израел, Хамас, САД и Катар на 16 јануари. Владата на Израел ќе гласа за договорот во сабота.