
Критична е состојбата на момчето од Волково, кое вчера качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.
„Пациентот примен преку Ургентниот центар вчера со изгореници е во критична состојба и хоспитализиран на интензивна нега. Медицинските тимови ја пружаат потребната здравствена заштита, согласно медицинските протоколи и прават максимални напори за спасување на неговиот живот“, појаснија од Ургентниот центар
- На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.
Од Министерството за внатрешни работи вчера за МИА појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар.
Според информацијата на МВР, момчето е на возраст од 17 години, а настанот се случил во 14:55 часот.
МИА