
Началник во одделот за недозволена трговија наводно тесно соработувал со наркоклановите што МВР ги разби и уапси дузина нивни припандици во изминатиов период, дознава НетПрес од полициски извори.
Дали началникот Горан Ангелов Бапчо соработувал со сега уапсениот Раде Трајковски Штекли и со уште неколку скопски нарко кланови? МВР засега без официјална информација.
Претходно денеска по апсењето на Раде Трајковски Штекли се појави информација дека полицијата одзела мобилен телефон од висок полициски службеник, кој се сомничи за оддавање на информации поврзани со клановите Барон, Беланоца, Грчец…
Останува МВР официјално да соопшти дали станува збор за началникот Горан Ангелов Бапчо, или пак за друг полициски функционер.