Во руски ракетен напад во Украина, убиен дански пилот-инструктор

Дански пилот, кој ги обучувал украинските пилоти за летање на борбените авиони „F-16“ од американско производство, е убиен во рускиот ракетен напад во петокот врз врза во Кривиј Рих (Кривoj Рог, на руски) в јужна Украина, соопшти во саботата руски безбедносен извод за агенцијата ТАСС.

Според неименуваниот извор на руската новинска агенција, станува збор за извесен Јеп Хансен, кој смртно настрадал во ракетниот напад на руските сили врз центар за обука на украинската војска во Кривиј Рих, родниот град на украинскиот претседател Володомир Зеленски.

Други поединости, за тоа од кој правец е изведен нападот и со какво вооружување, не се дадени.

Претходно во петокот украинската страна објави дека најмалку четири лица се убиени и дека е „оштетена образовна институција“ во Кривиј Рих во Дњепропетровската област во јужна Украина, во руски напад веријатно изведен од Крим.

„Најмалку пет лица се ранети, а три се во тешка состојба во болница. Две петкатници се оштетени а една се запали“, објави на во петокот на Telegram Серхиј Лисак, гувернење на Дњепропетровската област именуван од Киев.

На социјалните мрежи очевидци објавија дека неколку експлозии одекнале во градот, откако претходно украинските сили предупредиле од можен напад со балистички проектили.

Исто така во саботата „координаторот на прорускиот отпор“ во источната украинска Харковска област, Сергеј Лебедев, објави на социјалните мрежи дека во близина на градот Харков во руски напад е погодена локација на којашто биле концентрирани странските платеници кои се борат во украинската војска.

Засега ниту украинската армија, ниту руското министерство за одбрана не известија за овој удар.

Според Лебедев, кој не објави никакви податоци, станувало збор за база за странските платеници која била сместена на пошироката територија на рекреативниот центар „Леснаја полјана“, на периферијата на Харков, вториот по големина украински град.

Во изјавата за агенцијата РИА, Лебедев вели дека припадниците на прорускиот отпор во Харковската област известиле дека во последно време тамошните жители постојано среќавале во областа странски војници, од кои повеќето зборувале шпански.

По ударот се разгорел голем пожар на погодената локација, каде се упатиле десетина возила на брзата помош, пожарникари и украински воен персонал, според извори од прорускиот отпор.

Во саботата вечерта, украинските медиуми објавија дека се случила експлозија во Харков по тревога за воздушен напад прогласена во регионот. Локалните власти известија за руски воздушни удари вз областите на Харков и Чугевски во регионот.