
На првиот учлишен ден од второто полугодие годинава, 11- годишен ученик од Основното училиште „Гоце Делчев“ во Прилеп, паднал преку прозорецот од третиот кат на училиштето, во училишниот двор.
Ученикот веднаш бил префлен во прилепска болница, а од таму итно е испратен и хоспитализиран во Клиниката за детска хирургија во Скопје.
Состојбата на детето е стабилна и детето е надвор од животна опасност, изјавил за Канал 5 директорот на детска хирургија, Лазар Јовчевски.
Според него, детето има повреда на пршлените и скршеници на петиците на нозете.
Досегашните информации велат дека несреќата се случила во втората смена за време на големиот одмор, кога сите ученици биле излезени во дворот на училиштето.