
Премиерот Христијан Мицкоски на неговиот фејсбук профил објави дека ја посетил црквата Св. Никола во Њу Џерси.
„Мојот приоритет е да ја одржиме врската со Македонците ширум светот. Освен посветеноста, работливоста, наша заедничка приказна е и заветот и желбата да обезбедиме иднина на нашата заедничка татковина Македонија“, потенцира во објавата Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил.