Средба на министерката Сања Божиновска со Бјорн Габриел: „Енергетската иднина е поддржана од ЕИБ

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со Бјорн Габриел, претставник на Европската инвестициска банка (ЕИБ). Оваа средба претставува продолжување на соработката меѓу Министерството за енергетика и Европската инвестициска банка, соопштија од ова министерство.

Божиновска и Габриел дискутираа за тековните и идни проекти во енергетскиот сектор, со посебен акцент на интер-конекторот за гас кој ќе поминува низ Македонија. Министерката ја истакна важноста на овој проект за енергетската безбедност на земјата и изрази благодарност за поддршката од ЕИБ.
Како долгорочен партнер на регионот, банката на ЕУ постојано обезбедува финансиска и техничка поддршка за изградба на клучна инфраструктура и подобрување на оперативните капацитети.
Дополнително, беше разговарано за инвестициите во обновливи извори на енергија, кои ќе придонесат за енергетската сигурност, истовремено намалувајќи ги емисиите на јаглерод диоксид.
Божиновска ја нагласи посветеноста на Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини во спроведувањето на реформите и проектите кои ќе обезбедат одржлива и сигурна енергетска иднина за Република Северна Македонија.