
Полицајци од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје фатиле арсенал оружје во возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, во четвртокот вечер во скопското село Волково.
Според информацијата објавена од МВР, автомобилот го управувал малолетник од Скопје, а во возилото биле најдени пет пиштоли, од кои два пневматски, три други парчиња огнено оружје, шест рамки и 16 куршуми различен калибар.
По извршени проверки било утврдено дека за еден од пиштолите неговиот татко Д.Н. поседувал дозвола, додека другите два пиштола ги поседувал без дозвола.
По документирање на случајот и во кооординација со јавен обвинител, против Д.Н. е поднесена кривична пријава по член 396 од Кривичниот законик.