САД повторно се приклучија на меѓународниот договор против абортусот

Американскиот државен секретар Марко Рубио во петокот вечерта изјави дека Соединетите држави повторно се приклучуваат на меѓународниот договор за кој критичарите велат дека се обидува да го ограничи пристапот до абортус за милиони жени и девојки ширум светот.

„Денеска, Соединетите држави ги известија потписниците на Декларацијата на женевскиот консензус за нашата намера веднаш да се придружиме“, изјави Рубио во петокот.

Декларацијата на женевскиот консензус (GCD) беше подготвена од Соединетите држави, Бразил, Уганда, Египет, Унгарија и Индонезија во 2020 година за време на првиот мандат на претседателот Доналд Трамп. Групата сега има повеќе од 35 земји потписнички.

Неговата администрација тогаш рече дека GCD бара подобра здравствена заштита за жените и зачувување на човечкиот живот, а истовремено го зајакнува семејството како основна единица на општеството и го штити суверенитетот на секоја држава.

Стејт департментот во петокот соопшти дека една од четирите цели на пактот е „заштита на животот во сите фази“.

Абортусот е прашање што предизвикува поделби во американската внатрешна политика. Врховниот суд, во кој конзервативните судии се шест наспроти тројца неолиберлани блиски на демократите, во јуни 2022 година го укина преседанот донесен со пресудата во случајот „Ро против Вејд“ од 1973 година со кој тогашното демократско мнозинство во Врховниот суд го легализираше абортусот во целите САД.

Оваа одлука, историска победа за конзервативното движење кое со децении се застапува за забрана на абортусот, создаде политичка бура и прашањето за прекин на бременоста го доведе во фокусот на политичките кампањи.