
Во неделата на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, а по котлините со магла и ниска облачност. Претежно долж Повардарието ќе дува слаб ветер од јужен до југоисточен правец.
Утринските температури се движат од минус 3 до 4, додека највисоките во текот на денот ќе бидат во интервалот меѓу 2 и 14 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, наутро со магла и претежно тивко. Температурата ќе достигне до 9 степени.