Двесте британски компании се за воведување четиридневна работна недела

Двесте британски компании ја потпишаа иницијативата за воведување четиридневна работна недела за сите вработени, без намалување на платите, објавуваат британските медиуми.

„Луѓето би имале 50 проценти повеќе слободно време и можност да водат посреќен и поисполнет живот,“ изјави Џо Рајл од фондацијата која се залага за воведување четиридневна работна недела.

Повеќе од 5.000 работници ќе имаат корист од намалените часови без губење на платата. Поддржувачите на оваа мерка истакнуваат дека петдневната работна недела е воведена пред 100 години во претходната економска ера и дека таа повеќе не служи за цел, пренесува Гардијан.