
На валутните пазари во вторникот во претпладневното тргување вредноста на американскиот долар во однос на кошницата валути порасна втор ден по ред, откако минатата седмица падна за 1,8 отсто.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,95 поени, додека вчера во иститот пресек од тргувањето изнесуваше 107,60 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,95 на 155,70 јени. Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0430 долари, додека вчера во иститот момент изнесуваше 1,0465 долари.
Инвеститорите ќе се фокусираат на состанокот на лидерите на Европската централна банка (ECB) оваа седмица, а се очекуваат дополнителни намалувања на каматните стапки. Седница ќе одржат и челниците на американската централна банка, но не се очекува Fed да ги намали каматните стапки.
Цените на нафтата, пак, вратија дел од вчерашните загуби. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево порасна за 0,47 отсто, на 77,45 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,44 отсто, на 73,50 долари.