
Српскиот напаѓач, 25-годишниот Душан Влаховиќ, иако најверојатно ќе заврши на клупата за резервни играчи, нема намера да го напушти Јувентус и ја одбил богатата понуда од Саудиска Арабија, објавија во вторникот италијанските медиуми.
Во зимскиот преоден рок центарфорот на ПСЖ, Рандал Коло Муани пристигна во Јуве како позајмен до крајот на оваа сезона. Италијанските медиуми пренесуваат дека тренерот на торинската „Стара дама“ Тиаго Мота ќе му даде предност на францускиот репрезентативец, што значи дека Влаховиќ ќе биде преселен на резервната клупа.
Во исто време, Јувентус добил понуда од саудиски Ал-Наср, кој нудел голем пакет за обештетување и голема плата за Влаховиќ. Сепак, српскиот голгетер категорично ја одбил понудата на саудискиот клуб за кој настапува португалскиот ас Кристијано Роналдо.
Влаховиќ професионалната кариера ја започна во Партизан, а во 2018 година се пресели во Фиорентина. Го носеше „црно-белиот“ дрес, но на Јуве, повторно во 2022 година и неговиот актуелен договор важи до јуни 2026 година. Сезонава постигна седум гола и една асистенција во италијанското првенство.