
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со оствари средба со Ванделт, директорка на АХК Северна Македонија, дел од мрежата на германските комори и заменик германскиот Амбасадор, Фос. На средбата се разговараше за продлабочување на билатералната соработка во областа на енергетската транзиција.
Министерката Божиновска ја истакна важноста на партнерството со Германија во процесот на премин кон обновливи извори на енергија и декарбонизација. Таа ги презентираше тековните активности, вклучувајќи го новиот Закон за енергетика кој стапува на сила оваа година, како и плановите за зголемување на инвестициите во соларни и ветерни капацитети.
Антје Ванделт ја нагласија заинтересираноста на германските компании за инвестирање во зелени проекти во Северна Македонија, особено во секторите за обновливи извори на енергија и енергетска ефикасност. Тие ја истакнаа важноста на стабилната регулаторна рамка и транспарентните процедури за привлекување на странски инвестиции. Воедно го најави делегациското патување на тема: „Децентрално снабдување со енергија преку сопствени фотоволтаик системи“, кое ќе се одржи оваа година и ќе овозможи воспоставување на соработка помеѓу германски и македонски стопанственици.
Двете страни се согласија дека зајакнувањето на соработката во енергетскиот сектор ќе придонесе за економски раст. Министерката Божиновска ја изрази својата благодарност за поддршката од германските партнери и ја потенцираше посветеноста на Владата за создавање поволна бизнис-клима за странските инвеститори.
Оваа средба претставува продолжение на досегашната успешна соработка меѓу Македонија и Германија во областа на енергетиката. Во декември минатата година, министерката Божиновска учествуваше на стручната конференција за декарбонизација организирана од AХК Северна Македонија, каде што беа разгледани можностите за проширување на инфраструктурата за обновливи извори на енергија во регионот.
АХК Северна Македонија е дел од мрежата на 150 германски комори во 93 земји во светот и веќе 25 години ги следи потребите и предизвиците со кои се соочува стопанството во земјата.