
На валутните пазари вредноста на американскиот доларот во однос на кошницата валути благо падна во средата по двата дена раст.
Индексот на доларот, кој ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, во претпладневното тргување се движи околу 107,90 поени, додека вчера во истиот пресек изнесуваше 107,95 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,70 на 155,10 јени.
Американската валута ослабе и во однос на европската, па цената на еврото достигна 1,0435 долари, додека вчера во овој момент изнесуваше 1,0430 долари.
Челнциите на американската централна банка се состануваат во среда, но не се очекува намалување на каматните стапки. В четврток, пак, инвеститорите ќе се фокусираат на средбата на челницитге на Европската централна банка, за која се верува дека дополнително ќе ги намали каматните стапки.
Цените на нафтата, пак, загубија дел од вчерашните добивки. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,26 отсто, на 77,30 долари, додека на американскиот пазар барелот поевтини за 0,24 отсто, на 73,60 долари.