
Владата на вчерашната седница го предложила доктор Игор Николов за амбасадор на Македонија во Франција.
Одговарајќи на новинарско прашање за бројот на советниците на премиерот и за нивните плати, Мицкоски повтори дека имињата на сите негови советници ќе бидат јавно објавени на владиниот портал.
-Еден од советниците кој имаше полно работно време како мој советник е проф. д-р Игор Николов, кој ме советуваше за здравствената политика, а чијшто договор наскоро ќе биде прекинат затоа што вчера беше предложен од Владата за амбасадор во Франција. Сите податоци наскоро ќе бидат јавно достапни за граѓаните, кратко искоментира премиерот.