
-Денеска беше симулиран сајбер напад на дел од институциите на државата и потоа нормално носење одлуки од страна на Кризниот штаб во Владата, што треба да се преземе и мислам дека од сето ова може да се извлече само позитивна поука. Сето тоа, не дај боже да се случи, но да знаеме како да реагираме и кои се чекорите на Владата, истакна прмиерот Христијан Мицкоски, кој присуствуваше во касарната „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром во објектот на Воената Академија „Михајло Апостолски“, каде беше симулиран сајбер хибриден напад.
-Добро е од нашите стратешки партнери да добиеме искуство како сето тоа функционира. Приоритет е дигитализација на државата, нешто што е многу важно, огромен приоритет и фокус и се обидуваме нешто што можеби во минатото било погрешно направено, да го коригираме, рече тој.
-Имаме една чудна состојба, recovery, секундарна заштита, односно Центар на податоци или познат како Дата центар, кој практично служи за поврат на изгубените податоци при сајбер напад, а немаме примарен дата центар и најголемиот дел од институциите и серверите користат outsourcing и така се штитат. Односно, да бидам попрецизен, секој се штити како знае и како умее, а не е тоа организиран пристап, нагласи Мицкоски.
Додаде дека во периодот што следи ставен е во приоритетите и Планот за раст за кој СЕ очекува и финансирање и помош од Европската Унија.
„Сето ова е дел од безбедноста на државата и Владата има одговорност да ја обезбедиме, бидејќи на тој начин го штитиме суверенитетот на Македонија како држава, додаде Мицкоски.