Ристовски на средба со новиот претседател на ФФМ, Омерагиќ

СРЕДБА СО ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА ФФМ, МАСАР ОМЕРАГИЌ ЗА ИДНИНАТА НА МАКЕДОНСКИОТ ФУДБАЛ!
Во срдечна и продуктивна средба со претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ и со генералниот секретар Дрилон Ганиу, разговаравме за важни прашања поврзани со развојот на фудбалот во Македонија.

Главни теми на средбата беа:

✅ Финансиската поддршка од државниот буџет за фудбалот и спортот
✅ Подобрување на инфраструктурата на стадионите и тренинг центрите
✅ Поддршка на младинските селекции

Нашата заложба како Министерство за спорт е да ја поддржиме Фудбалската федерација на Македонија.
Фудбалот е јавен интерес и мора да помогнеме и да обезбедиме правичност, подобри услови за сите клубови и континуиран раст на македонскиот фудбал на сите ниво!

Фејсбук статус на министерот за спорт, Борко Ристовски