
Maж од виничкото село Јакимово со две возила блокирал сопружници кои требало да сведочат против него на судско рочиште, информираше МВР. Полицијата во Виница на 28.01.2025 година го уапсила 32-годишниот П.Т. поради сомнение дека влијаел врз сведоците.
„Околу 08.30 часот во селото, тој со две возила го блокирал возилото на сопружниците П.Т. и М.Л. од с.Јакимово и на тој начин ги оневозможил да присуствуваат на судско рочиште во кое требало да сведочат против него. Според пријавеното, притоа тој им упатувал и закани да не се појавуваат на суд“, се вели во полицискиот билтен.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.