
На валутните пазари вредноста на доларот во однос на кошницата валути е речиси непроменета во претпладневното тргување во четвртокот.
Индексот на доларот, кој ја покажува изведбата на американската во однос на другите шест најважни светски валути, претпладнево се движи околу 107,88 поени, додека вчера во истиот пресек од тргувањето изнесуваше 107,90 поени.
Курсот на доларот во однос на јапонската валута се лизна од вчерашните 155,10 на 154,60 јени. Американската валута, пак, зајакна во однос на европската, па цената на еврото се лизна на 1,0420 долари, додека вчера во истиот период изнесуваше 1,0435 долари.
Во четврток инвеститорите ќе се фокусираат на средбата на челниците на Европската централна банка (ECB), на која се очекува дополнително намалување на каматните стапки за 0,25 процентни поени.
Цените на нафтата, пак, стагнираат на вчерашните нивоа. Цената на барелот на лондонскиот пазар претпладнево падна за 0,05 отсто, на 76,55 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот порасна за 0,04 отсто, на 72,70 долари.