
Во неколку германски градови во четврток вечерто се одржуваат протести против Христијанско-демократската унија (CDU/CSU) поради нивната антиимиграциска политика и поради нивната наводна соработка со десничарската евроскептична сувренистичка Алтернатива за Германија (AfD) во Бундестагот.
Само во Лајпциг, околу пет илјади левичарски демонстранти се собраа под слоганот „Стоп за Мерц и AfD – бранете го правото на азил“. Во Берлин демонстрантите се собраа пред партиското седиште на Христијанско-демократската унија (CDU). Според весникот Bild, партијата им наредила на вработените во партиските штабови да си одат дома пред почетокот на протестот кој беше закажан во 18 часот, за да се избегнат провокации од екстрамните левичари.
Протести беа најавени и пред седиштето на помалата партија на баварската Христијанско-демократската унија, Христијанско-социјалната унија (CSU) во покраинската престолнина Минхен.
Укинување на уставното право на азил?
Унијата CDU/CSU во средата поднесе предлог во долниот дом на Бундестагот за воведување мерки со кои нерегулираната миграција ќе се намали на минимум. Меѓу другото, Унијата бара од границите да бидат враќани сите кои немаат валидни патни исправи, вклучително и оние кои сакаат да побараат азил во Германија.
Предлогот беше прифатен, но според критичарите само благодарение на гласовите на AfD, иако за него гласаа и пратеницте од либерално-демократската партија FDP, која до пред еден месец беше во владејачката коалиција со Социјалдеморкатската партија (SPD) и Зелените. Претседателот на CDU и демохристијански кандидат за канцелар на претстојните избори во февруари, Фридрих Мерц, претходно со месеци нагласуваше дека во никој случај не сака да соработува со AfD, a тоа го повтори и во средата вечерта во интервју за јавната мрежа ARD.
Демонстрантите во Лајпциг создадоа „противпожатен ѕид“ со картон, термин што Унијата го користи за да ја нагласи својата политика на дистанцирање од AfD. Во Дрезден, каде што Мерц се очекува да зборува на предизборен митинг подоцна во четвртокот вечерта, се собраа само неколку стотици демонстранти. Во овој град на истокот од Германија, инаку доминира AfD.
Овој викенд синдикатите, црковните здруженија и организации како недифираното „Петоци за иднината“ најавија централен протест во Берлин во знак на негодување против миграциската политика на CDU/CSU и нејзиното наводно приближување кон AfD.
Меркел го критикува наследникот на Мерц
Денеска се огласи и поранешната канцеларка Ангела Меркел која со невообичаено остар тон го критикуваше Мерц дека дозволил АфД да носи заеднички одлуки во Бундестагот со демохристијаните. Во периодот кога Меркел беше на чело на CDU, Мерц беше едноставно отстране до партиското водство.
„Мерц го прекрши ветувањето дека нема да се доближи до AfD“, објавија од канцеларијат на Ангела Меркел, која по заминувањето од активната политика соопшти дека повеќе нема да се меша во дневно-политичките настани.
За петок во Бундестагот е најавено уште едно гласање, овојпат за конкретен предлог-закон со кој се забранува обединување на семејството за оние кои немаат право на постојан престој во Германија.
Мерц најави дека ќе им понуди на партиите во малцинската влада на Олаф Шолц заеднички да гласаат за предложените закони, но SPD и Зелените го отфрлија тоа, тврдејќи дека предлозите на CDU/CSU се во спротивност со Уставот.
По нападот со нож во Ашафенбург пред една седмица во кој беа убиени дете и маж кој прискочил на помош на нападнатите деца од кои уште едно е тешко рането како и уште еден маж, за што е осомничен Авганистанец кој нема право на азил, прашањето за миграцијата стана главна тема на кампањата пред парламентарните избори што треба да се одржат на крајот на февруари.
Според повеќетео сегашни резултати од истражувањето на јавното мислење, Унијата CDU/CSU води со околу 30 отсто од гласовите, а по неа е AfD чија поддршка не паѓа со месеци по 20 отсто. SPD и Зелените се поддржани од околу 15 отсто од анкетираните.