Израел ги ослободува палестинските затвореници по одложувањето поради хаотичното предавање на заложниците

Хамас во четвртокот ослободи тројца израелски и пет тајландски заложници во Газа, а Израел вечерта почна да ослободува 110 палестински затвореници откако го одложи процесот поради хаотичните сцени на едно од местата за предавање каде што толпи луѓе се насобраа околу заложниците.

Дваесет идевет годишната Арбел Јехуд, грабната од кибуцот Нир Оз во напад на Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, изгледала исплашено и се борела да се пробие низ толпата додека вооружените милитанти ја предадоа на Црвениот крст во тензична сцена во јужниот град Кан Јунис, пренесуваат израелските медиуми. Друг израелски заложник, 80-годишниот Гади Мозес, исто така, беше ослободен заедно со пет тајландски државјани кои работеа на израелските фарми во близина на Газа кога милитантите изненадувачки извршија упад без преседан според обемот и суровоста во јужен Израел ланскиот октомври.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека сцените на нивното предавање се шокантни и се заканува со смрт на секој што ќе им наштети на заложниците. Тој и министерот за одбрана Израел Кац рекоа дека наредиле одложување на ослободувањето на затворениците „додека не се обезбеди безбедно излегување на заложниците во следните фази“. Кабинетот на премиерот подоцна објави дека посредниците се заложиле да гарантираат безбедно минување на заложниците во идните предавања.

Подоцна во четвртокот, автобуси пристигнаа во градот Рамала на Западниот Брег со некои од 110-те палестински затвореници кои ќе бидат ослободени како дел од фазен договор со кој заврши повеќе од 15 месеци војна на 19 јануари.

Закарија Зубаиди, еден од водачите на Бригадите на мачениците на Ал Акса (Ерусалим – арапски), вооруженото крило на групата Фатах, беше најистакнатиот палестински затвореник што беше ослободен. Тој избега од затвор во 2021 година со уште тројца затвореници, но потоа беше уапсен.