Преглед на Лигата на шампионите: Ливерпул го впиша првиот пораз, Барса не профитираше од тоа

Во последното, осмо коло од новиот формат на Лигата на шампионите, ПСВ Ајндховен го совлада Ливерпул со 3:2, нанесувајќи им го на „црвените“ првиот пораз сезонава.

Сите највозбудливи работи на стадионот Филипс се случија во првото полувреме. Ливерпул водеше со 1:0 и 2:1, но ПСВ успеа дватапати да израмни, а потоа да поведе во судиското надополнување. Во вториот дел немаше повеќе голови, а Ливерпул во последните минути остана без исклучениот Амар Нал.

За ПСВ стрелци беа Бакајоко (35), Саибри (45) и Пепи (45+6), за Ливерпул стрелци беа Гакпо (28-11м) и Елиот 40.

И покрај првиот пораз, Ливерпул го задржа првото место, додека ПСВ продолжува од 14. место.

На Манчестер Сити му беше потребна победа против Клуб Бриж за да се пласира. На крајот „Граѓаните“ победија со 3:1, иако гостите водеа по првото полувреме со голот на Рафаел Ониедика. Израмни Матео Ковачиќ во 53. минута, Џоел Ордонез во 62. минута си постигна автогол, а конечните 3:1 ги постигна Савињо во 77. минута.

Англискиот шампион на крајот заврши на 22-то место, додека белгискиот тим беше 24-ти.

Во мечот во кој и на двата ривала им беше потребна победа, Барселона и Аталанта одиграа нерешено 2:2. Домашните водеа со 1:0 и 2:1, но тимот од Бергамо успеа да избори бод. Барса го освои второто место а со победа имајќи го предвид поразот на Ливерпул ќе избиеше на првото место, додека Атланта е деветта.

Слован загуби со 1:3 во Минхен. Баерн го зазеде 12-то место, а Слован 35-то без освоен бод.

Актуелниот европски шампион Реал Мадрид го совлада Брест со 3:0 на гости со двата гола на Родриго (29, 77), и голот на Белингем (57). Реал заврши на 11-то место, а Брест на 18-то место.

Загрепски Динамо на својот стадиот „Максимир“ со 2:1 го совлада Милан. Динамо поведе во 19. минута со голот на Мартин Батурина, а Милан во 39. минута остана со играч помалку откако поради два жолти картона беше исклучен Јунус Муса. На Динамо во 50. и 56. минута му беа поништени два погодока, а во меѓувреме Милан израмни во 53. минута преку Кристијан Пулишик. Изненадувањето во Загреб го донесе Марко Пјаца со погодокот во 60. минута. Динамо остана место под линијата од 24 екипи кои продолжуваат, а Милан е 13-ти.

Првите осум места кои директно водат во осминафиналето ги освоија Ливерпул, Барселона, Арсенал, Интер, Атлетико Мадрид, Баер Леверкузен, Лил и Астон Вила.

РЕЗУЛТАТИ:

Манчестер Сити – Клуб Бриж 3:1
Баерн Минхен – Слован Братислава 3:1
Штурм Грац – РБ Лајпциг 1:0
Јанг Бојс – Црвена ѕвезда 0:1
РБ Салцбург – Атлетико Мадрид 1:4
Борусија Дортмунд – Шахтјор 3:1
Јувентус – Бенфика 0:2
Баер Леверкузен – Спарта Прага 2:0
Астон Вила – Селтик 4:2
Жирона – Арсенал 1:2
Штутгарт – Пари Сен Жермен 1:4
Спортинг – Болоња 1:1
Барселона – Аталанта 2:2
Интер – Монако 3:0
ДИНАМО – Милан 2:1
Лил – Феенорд 6:1
ПСВ Ајндховен – Ливерпул 3:2
Брест – Реал Мадрид 0:3

ТАБЕЛА:

1. Ливерпул 8 7 0 1 17 5 21
2. Барселона 8 6 1 1 28 13 19
3. Арсенал 8 6 1 1 16 3 19
4. Интер 8 6 1 1 11 1 19
5. Атлетико 8 6 0 2 20 12 18
6. Леверкузен 8 5 1 2 15 7 16
7. Лил 8 5 1 2 17 10 16
8. Астон Вила 8 5 1 2 13 6 16
————————————————
9. Аталанта 8 4 3 1 20 6 15
10. Дортмунд 8 5 0 3 22 12 15
11. Реал Мадрид 8 5 0 3 20 12 15
12. Баерн Минхен 8 5 0 3 20 12 15
13. Милан 8 5 0 3 14 11 15
14. ПСВ 8 4 2 2 16 12 14
15. ПСЖ 8 4 1 3 14 9 13
16. Бенфика 8 4 1 3 16 12 13
17. Монако 8 4 1 3 13 13 13
18. брест 8 4 1 3 10 11 13
19. Феенорд 8 4 1 3 18 21 13
20. Јувентус 8 3 3 2 9 7 12
21. Селтик 8 3 3 2 13 14 12
22. Манчестер Сити 8 3 2 3 18 14 11
23. Спортинг 8 3 2 3 13 12 11
24. Клуб Бриж 8 3 2 3 7 11 11
———————————————-
25. Динамо Загреб 8 3 2 3 12 19 11
26. Штутгарт 8 3 1 4 13 17 10
27. Шахтјор Д 8 2 1 5 8 16 7
28. Болоња 8 1 3 4 4 9 6
29. Црвена ѕвезда 8 2 0 6 13 22 6
30. Бура 8 2 0 6 5 14 6
31. Спарта 8 1 1 6 7 21 4
32. Лајпциг 8 1 0 7 8 15 3
33. Жирона 8 1 0 7 5 13 3
34. Салцбург 8 1 0 7 5 27 3
35. Славен 8 0 0 8 7 27 0
36. Јанг Бојс 8 0 0 8 3 24 0