
Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, особено во јужните делови, каде повремено ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.
Утринските температури се во опсегот меѓу 3 и 9, додека највисоките дневни соодветно ќе се движат од 7 до 14 Целзиусови степени.
Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со услови за повремен слаб дожд. Температурата ќе достигне 13 степени.