Бундестагот го отфрли предлог-законот за ограничување на имиграцијата на демохристијаните

По жестоката дебата во петокот, Бундестагот го отфрли предлог-законот на Христијанско-демократската унија CDU/CSU за намалување на напливот мигранти кои немаат право на азил.

Законот беше неочекувано отфрлен поради тоа што неколку десетици пратеници на Унијата и Либерално-демократската партија (FDP), која беше избркана од владата на Шолц, го отфрлија усвојувањето на законот со неопходните гласови на AfD, откако тој во средата мина во долниот дом.

„Законот не помина и тоа го прифаќам со жалење. Но, законот пропадна поради отпорот на социјалдемократите и зелените“, рече претседателот на Христијанско-демократската унија (CDU) и кандидатот за канцелар на CDU/CSU, Фридрих Мерц по гласањето во Бундестагот.

Рече дека се обидел да ги убеди претставниците на сегашната социјалдемократска-зелена малцинска влада да го поддржат неговиот предлог-закон со кој ќе се ограничи приливот на мигранти во Германија, но тие тоа го одбија.

„Миграциската политика на социјалдемократите и зелените дефинитивно пропадна“, рече Мерц.

Во исто време, анкетите на јавното мислење покажуваат дека мнозинството граѓани, 67 отсто, ја одобруваат иницијативата на Фридрих Мерц за заострување на миграциската политика. Мерц претстави план за драстично намалување на нерегуларната миграција по минатонеделниот смртоносен напад во Ашафенбург, во кој е осомничен Авганистанец.

Заменик-претседателката на AfD, Алис Вајдел, по гласањето во Бундестагот рече дека тоа е „демонтирање на Унијата на CDU/CSU“ и ја доведе во прашање способноста на Фридрих Мерц да ја извршува функцијата канцелар затоа што „нема ни своја пратеничка група под контрола“

Одлуката на Фридрих Мерц да го протурка гласањето за законот предизвика бура од контроверзии во германската политика, бидејќи се чинеше веројатно дека Мерц ќе мора да се потпре на поддршката на крјано десничарската суверенистичка и противдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) за усвојување на законот.

Претставниците на Социјалдемократската партија на Германија (SPD) и на Зелените претходно се обидоа да го одложат денешното гласање со цел да се се исклучи и минимизира влијанието на гласовите на AfD во Бундестагот, што веројатно ќе биде и поголемо по февруарските општи избори.

На три седмици пред предвремените парламентарни избори, Унијата CDU/CSU води во анкетите на јавниот радиодифузен сервис ARD со 30 отсто, а по неа е AfD со 20 отсто. Социјалдемократите и демократите се на околу 15 отсто поддршка,  двете партии.

Унијата CDU/CSU се најде на удар на критиките од левичарите и мејнстрим неолибертаријански медиуми по неjзиното барање за заострување на правилата за имиграција во Германија усвоено во средата благодарение на гласовите на AfD.

Германскиот канцелар Олаф Шолц и дел од јавноста оваа акција ја нарекоа прекршување на премолчениот договор на етаблираните партии во повоена Германија за одбивање соработка со радикалните партии.

Од средата вечерта, на повик на екстремните левичарски движења и невладини организации слабо посетени протести се одржуваат пред ограноците на Унијата CDU/CSU ширум земјата против соработката на демохристијаните со десничарската AfD.