Малолетник брутално претепан на постојка во центарот на Скопје

Во четвртокот вечерта (30.01.2025) околу 20,30 часот во СВР Скопје, од Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен 17-годишник од скопско.

Според пријавеното, на автобуска постојка на подрачјето на Центар тој бил физички нападнат од неколку лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.