
Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од 2 до 10, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во опсегот меѓу 6 и 16 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска ќе биде променливо облачно, во делови од котлината со услови за повремен слаб дожд. Температурата ќе достигне до 13 степени.