Магла во Скопје, -4 степени во Берово

Македонија утрово се разбуди со ниски температури, при што најстудено беше во Берово со -4 степени, а најтопло во Виница и Крушево со 3 степени. Снег има само на повисоките планински предели, со 32 сантиметри снежна покривка на Попова Шапка и 15 сантиметри во Маврови Анови.

Претпладне, во одделни котлини ќе има појава на магла, но во текот на денот времето ќе биде сончево и релативно топло, со мала до умерена облачност која попладне ќе се зголеми. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Максималните температури ќе се движат во интервал од 9 до 17 степени.

Во Скопје, претпладне ќе има појава на магла, а преку денот ќе преовладува сончево време со умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголеми, а ќе дува слаб променлив ветер. Максималната дневна температура ќе достигне до 15 степени.