Се изгради зграда за социјално ранливите семејства во Општина Кочани, на овој начин правиме добри работи за луѓето

За мене претставува секогаш задоволство кога ќе можам да бидам дел од ваков настан кога се пушта нешто во употреба и кога имаме корисници коишто со задоволство го очекуваат овој момент. Имав чест да доделам клучеви на едно семејство и еден корисник на два вакви социјални станови и мислам дека на овој начин правиме добри работи за луѓето и ќе продолжиме како Влада да правиме добри работи, изјави денеска премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски по повод пушањето на зграда и доделување на становите на социјално ранливи категории на граѓани во општина Кочани.

И во иднина ќе продолжиме со убави вести за граѓаните рече премиерот Мицкоски.

-Би сакал да се заблагодарам на потпретседателот на Владата и министерот за транспорт, на директорот на АД коешто еве го направи сето ова да биде реалност, на градоначалникот, на пратениците, на останатите членови на Владата коишто се тука денеска со нас и можам да кажам дека ќе продолжиме во насока на убави вести за граѓаните и во периодот коишто следи за сето останато коешто веќе беше кажано не би сакал да се повторувам, што е направено и што допрва ќе следи, рече Мицкоски.

Мицкоски им посака среќа на новите станари.

-Така што уште еднаш ќе им посакам долго користење и среќа на новите станари на овие станови, додаде Мицкоски.