
Денвер успеа да победи во драматичната завршница против Филаделфија и на ова незгодно гостување ја прекина серијата од три порази по ред.
Никола Јокиќ пропушти нов трипл-дабл за еден скок, а со своите 28 поени повторно беше беше меѓу двајцата најдобри реализатори во редовите на Нагетс.
Српскиот центар ја постигна и тројката за плус три, на 39 секунди до крајот, по што Денвер успеа и да го надмудри ривалот за важна победа, во која Џамал Мари постигна 31 поен. Макси повторно се истакна во редовите на Филаделфија со 42 поени, а гостите дојдоа до триумфот и покрај повредата на Расел Вестбрук.
Сан Антонио го победи Милвоки, во дуел на кој Адетокумбо (35 поени) имаше подобар поединечен ефект од Вембањама (30 поени), но Спарс се радуваа на крајот со убедлива позитива.
Шарлот – Л.А Клиперс 104:112
Детроит – Далас 117:102
Филаделфија – Денвер 134:137
Торонто – Чикаго 106:122
Њу Орлеанс – Бостон 110:118
Сан Антонио – Милвоки 144:118
Голден стејт – Феникс 105:130