
Според неофицијални информации, до кои дојде Нетпресс, во тек е голема меѓународна полициска акција на територијата на повеќе градови за откривање и запленување на фалсификувани пари, која ја спроведува Министерството за внатрешни работи (МВР) преку Бирото за јавна безбедност.
Покрај зголемено присуство на македонски полициски службеници забележани се и полицајци кои носат амблеми на ЕВРОПОЛ или ИНТЕРПОЛ, а кои меѓусебно ги координираат активностите со колегите од Македонија.
Според неофцијалните информации, се бара поголема количина на фалсификувани евра и се работи на сузбивање на поголема меѓународна криминална мрежа која делува во повеќе држави.
Како што навестуваат, во игра е и откривање домашна печатница за фалсификувани странски валути (евра или долари).
Во текот на денот очекуваме подетални информации за оваа акција.