
СДС и ДУИ го девалвираа и уништија образованието изминатите 7 години. СДС ги остави училиштата без основни средства за дезинфекција, учениците без материјали и учебници, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
-Концептот на СДС и Мила Царовска тотално го уништија образованието а поради тоа најмногу страдаа децата и наставниците. Концептот на Царовска и СДС за дигитализација на образованието создаде хаос. СДС наместо да обезбедат учебници со години ги полнеа џебовите со ексклузивните договори за печатење учебници и откуп на ексклузивни права. Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ обезбеди учебници, гради и обновува училишта и спортски сали, велат од владејачката партија.
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ работи за да го направи образованието подобро и поквалитетно.
-Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ соработува со учениците и студентите, наставниците и родителите, и со сите граѓани и експерти за да воспостави напреден воспитно-образовен систем, се наведува во соопштението.