
Неколку седмиици пред одржувањето на предвремените парламентарни избори во Германија, владејачките социјалдемократи на канцеларот Олаф Шолц забележуваат пораст на нивната популарност во анкетите, објавија во средата германските медиуми.
Според истражувањето на институтот YouGov, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) ја поддржуваат 18 отсто од испитаниците, што е за три процентни поенa повеќе од последното истражување пред една седмица.
Фаворитот на изборите, опозициската Унија на Христијанско-демократска унија (CDU) и баварската Христијанско-социјалната унија (CSU) би ја добила наклонетоста на 29 отсто од гласачите, што е непроменето во споредба со претходното истражување на институтот.
Десничарската суверенистичка евроскептична и потивдоселеничка Алтернатива за Германија (AfD) би била избрана од 22 отсто од анкетираните, за еден процент помалку од минатата седмица.
Владејачката партија Зелени сè уште ужива поддршка од 12 отсто од гласачите, а партијата Левица непроменета шестпроцентна поддршка како новооснованата левичарска партија Унија на Захра Вагенкнахт (BSW).
Слична рамнотежа на силите покажува и анкетата на институтот Forca од вторник, при што CDUУ/CSU ја губат поддршката во ова истражување во однос на последното истражување.
Аналитичарите го поврзуваат ова со контроверзното гласање во Бундестагот за заострување на правилата за имиграцијата, кое го иницираше кандидатот за канцелар на демохристијаните, Фридрих Мерц, а неговиот предлог ја доби поддршката од AfD, клеветена од етаблираните партии и мејнстрим медиумите застапници на неолобертаријанските вок политики.
Ова во дел од споменатата јавност во Германија беше протолкувано како обид Унијата CDU/CSU да се отвори за соработка со оваа десничарска партија, нешто што демохристијаните досега строго го отфрлаа.Во текот на викендот низ Германија се одржаа протести против можната соработка меѓу CDU/CSU и AfD.
Во исто време, анкетите на јавното мислење покажуваат дека 52 отсто од анкетираните го одобруваат обидот на Фридрих Мерц да ги заостри законите за имиграција со помош на AfD.