Роналдо откри што сака да биде по завршување на кариерата

Репрезентативецот на Португалија, Кристијано Роналдо кажа дека не планира да стане тренер по завршувањето на својата фудбалска кариера.

Португалскиот напаѓач денес го слави својот 40. роденден, а со тоа се приближува и крајот на неговата славна фудбалска кариера. Секако, прашањата за тоа што ќе прави по пензионирањето од фудбалот се неизбежни.

Роналдо откри дека не планира да се посвети на тренерската професија, но сподели дека има голем интерес за да биде сопственик на фудбалски клуб.

„Мислам дека би имало повеќе смисла за мене да бидам сопственик на клуб, отколку да станам тренер. Имам интерес за тоа, и тоа би било следниот чекор по моето пензионирање“, изјави Роналдо.