Утрото ведро и студено, преку ден сончево

Во Македонија во средата утрото ќе биде ведро и студено, а преку денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринските температури се меѓу минус 7 и 0, а највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот од 2 до 12 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината  утрото е ведро и студено, преку денот ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 10 степени.