
По информацијата дека странска компанија ја напушта земјава, а дел од нив ги намалуваат капацитетите, премиерот Христијан Мицкоски смета дека процесот ќе биде надминат бидејќи во меѓувреме, преговараат со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат.
– Има и неколку нови компании коишто најавуваат отпочнување на инвестиција или отворање на нови производни погони, така што тоа е процес кој што е тековен. Оваа компанија за којашто вие кажавте нѐ информираше пред неколку недели, оваа година тие ќе си работат тековно. Преговараме со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат и многу брзо ќе се надмине овој процес. Така што, јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање – рече премиерот.
Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а „Џонсон Мети“ најави намалување на бројот на вработени.