Наутро студено, преку ден сончево со мала облачност

Во Македонија во четвртокот утрото е ведро и студено, а преку денот ќе преовладува сончево време со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температури се движат од минус 7 до 1, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 3 и 12 Целзиусови степени.

И во Скопје и околината денеска утрото еведро и студено, преку денот претежно сончево. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, со температура до 11 степени.