Организиран бесплатен превоз за протестот за Фросина од Скопје до Неготино во сабота

Во сабота во Неготино се организира протест за прерарно загинатата Фросина Кулакова, а граѓаните ќе маршираат и за сите другите жртви кои беа прегазени по македонските улици изминативе години.

За заинтересираните граѓани од Скопје кои сакаат да присуствуваат на протестот од страна на другарките на Кулакова има бесплатен организиран превоз до Неготино и назад.

Протестот започнува во 14 часот.