
По бојкотот на големите трговски синџири што се одржа во петокот на 31 јануари во Србија, Здружението за заштита на потрошувачите Ефектива ги повикува граѓаните на нов бојкот.
Ефектива упати нов повик до потрошувачите да ги бојкотираат петте големи трговски синџири – Делеза, во која се Maxi и Shop&Go, Меркатор, кои ги вклучуваат Idea и Roda, како и DIS, Lidl и Univerexport, јавија српски медиуми.
Повикот е за бојкот што ќе трае од понеделник, 10 февруари, до петок, 14 февруари.
Од Ефектива наведуваат дека тој повик го поддржале и здруженија на потрошувачи Просперитет од Нови Сад и Републичкиот сојуз на потрошувачи од Белград.
„Од последниот бојкот во петокот на 31 јануари и по јавниот повик до трговците да преземат конкретни чекори за намалување на цените, се случи дури некои бојкотирани трговци и да ги зголемат цените. За ова е потребен нов потрошувачки бунт, кој ќе се преведе во петдневен бојкот“, велат организаторите.