Трамп ќе формира ресори за заштита на христијанските вредности и верските слободи

Американскиот претседател Доналд Трамп во четвртокот изјави дека ќе формира Канцеларија за вера во Белата куќа и ја назначи јавната обвинителка Пем Бонди да ја предводи работната група за искоренување на антихристијанските предрасуди во федералната влада.

„Мисијата на таа работна група ќе биде веднаш да ги запре сите форми на антихристијанска критика и дискриминација во федералната влада, вклучително и во Министерството за правда, кое беше апсолутно страшно, Службата за внатрешни приходи, Федерално истражното биро и други агенции“, рече Трамп на Националниот молитвен појадок.

Претседателот не наведе конкретни примери за тоа, забележува Reuters.

Трамп, исто така, рече дека ќе формира нова комисија за верски слободи. „Ако немаме верска слобода, тогаш немаме слободна земја“, рече тој.