
На европските берзи се тргува претпазливо во петок претпладнето, бидејќи инвеститорите не сакаат да преземаат дополнителни ризици пред извештајот за работните места во САД, при што индексот STOXX 600 стагнира на рекордното ниво.
Индексот STOXX 600 на водечките европски акции беше речиси непроменет во првиот пресек од трговскиот ден во споредба со истиот период ден претходно, кога скокна за повеќе од 1,2 отсто и достигна рекордно ниво.
Претпладнево лондонскиот FTSE индекс се намали за 0,02 отсто, на 8.727 поени, додека франкфуртски DAX зајакна 0,18 отсто, на 21.940 поени, а париски CAC за 0,05 отсто, на 8.010 поени.
Откако вчера британската централна банка ги намали каматните стапки за дополнителни 0,25 процентни поени, цените на акциите силно пораснаа, при што STOXX 600 и британскиот FTSE индекс достигнаа рекордно ниво.
А на повеќето азиски берзи цените на акциите паднаа. Азискиот берзански индекс MSCI беше речиси непроменет од вчера. Јапонскиот индекс Nikkei падна за 0,7 отсто, додека цените на акциите во Австралија и Јужна Кореја паднаа меѓу 0,1 и 0,6 отсто. Меѓутоа, во Хонгконг и Шангај се зголемија меѓу 1 и 1,2 отсто.
На кинеските берзи, цените на акциите на компаниите кои развиваат вештачка интелигенција, како и на производителите на чипови, продолжуваат да растат најмногу, благодарение на големиот успех на моделот за вештачка интелигенција на кинеската стартап компанија „DeepSeek“ во западните земји. Ова ја зајакна довербата на инвеститорите во кинескиот сектор за вештачка интелигенција.
На другите берзи се тргуваа несигурно додека инвеститорите го чекаат извештајот за вработувањата во САД.
Денеска инвеститорите ќе се фокусираат на американскиот извештај за вработувањата, кој вообичаено значително влијае на насоката на пазарот. Тоа ќе покаже колку е силен американскиот пазар на труд и колку се зголемени платите во јануари, а од тоа меѓу другото зависат и натамошните потези на американската централна банка.
Додуша, ечиси никој не очекува челниците на Fed да ги намалат каматните стапки на следниот состанок во март, но се верува дека тоа би можеле да го направат во јуни.
Аналитичарите во анкетата на Reuters проценуваат дека бројот на работни места во САД се зголемил за 170.000 во јануари, по 250.000 претходниот месец, додека стапката на невработеност би можела да остане непроменета на 4,1 отсто.